Свет 24. април 2018. / 20:56

Трамп со шокантна изјава: Диктаторот Ким Џонг-ун бил многу чесен

Трамп со шокантна изјава: Диктаторот Ким Џонг-ун бил многу чесен

Претседателот на САД Доналд Трамп го нарече диктаторот на Северна Кореја Ким Џонг-ун„многу чесен човек”, пренесува Индепендент.

-Ние имаме многу добри дискусии. Ким Џонг-ун, тој навистина беше многу отворен и јас мислам дека е многу чесен.- изјави Трамп, пред планираниот состанок.

И покрај тоа што пред планираниот самит и Северна Кореја и САД си разменуваа закани за војна, пофалбата од Трамп за Ким е извонредна за владетел што користи брутални тактики за да ја одржи својата моќ.