Откако првично ја поштеди ЕУ од тарифите што ги воведе за Кина, претседателот на САД Доналд Трамп деновиве пред своите симпатизери изјави дека веројатно и ЕУ ќе добие тарифи, затоа што глумела дека е фина, а ги искористувала САД.
-Буквално, како што реков, таа е оформена за да ги искористува Соединетите држави, порача Трамп на митинг пред симпатизерите во Мичиген. додавајќи дека никоја од овие земји, ниту Кина, ниту Јапонија не се виновни за тоа, туку вината паѓа на претходните претседатели на САД кои дозволиле такво нешто.
Според него, за САД е многу тешко да продава во ЕУ заради сите блокади што ги има воведено, ама планира тоа да го смени и да ја отвори унијата.