Свет

Трамп со нови критики до Германија за трошоците за одбраната

Трамп со нови критики до Германија за трошоците за одбраната

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска, на вториот ден од Самитот на НАТО во Брисел, упати нови критики кон Германија и го повтори барањето за удвојување на трошоците за одбраната.

– Германија почна да и плаќа на Русија – државата од која бара да се заштити – милијарди долари за енергетските потреби, поврзани со новиот руски гасовод. Тоа е незамисливо, напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека сите држави од НАТО треба ги исполнат обврските за зголемување на трошоците за одбрана на два проценти од БДП, за на крајот да достигнат до четири отсто.

Новите критики на американски претседател, слични на претходните, беа изречени по неговата средба со германската канцеларка Ангела Меркел, одржана вчера на маргините на Форумот на НАТО, по која изјави дека „има многу добри односи“ со неа.

Американскиот претседател вечра ги повика сојузниците да одвојуваат за потребите на одбраната средства во висина од четири отсто од БДП. барање што го изнесе уште минатата година.

Овој пат тоа барање е придружено со остри критики кон земјите на НАТО кои, според него, не плаќаат доволно, особено Германија која за одбраната издвојува нешто над еден одсто од својто БДП.