– Морам да речам дека е многу тажно кога Германија прави масивен договор за снабдување со нафта и гас со Русија, ние би требало да ги браниме од Русија, а Гермнаија плаќа милјарди и милјарди долари годишно на Русија. Ние ги браниме Германија, Франција, и сите овие земји, а потоа одреден број на земји прават договор за гасовод со Русија и ставаат милјарди долари во куферите на Русија. Значи ние би требало да ве штитеме од Русија, а тие плаќаат милјарди на Русија, што мислам дека не е соодветно.
Поранешниот германски канцелар е директор на гасоводна компанија која е снабдувач со гас. Наскоро, отприлика 70 проценти од гасот во Германија ќе биде контролиран од Русија. Сега вие кажете ми – Дали е ова соодветно и треба да го одмолчиме, ова е нешто што не смееше да се дозволи. Германија е тотално контролирана од Русија. Бидејќи 60 до 70 проценти од енергијата ја добиваат од Русија и новиот гасовод.
И Вие кажете ми дали е тоа соодветно, бидејќи јас мислам дека не е. Тоа е многу лоша работа за НАТО, тоа не требаше да биде случај, мораме да разговараме со Германија. Згора на се, Германија одвојуваме нешто повеќе од 1 процент од БДП, додека САД со актуелните бројки 4.2 %, и тоа со многу поголем БДП, што мислам дека исто така не е соодветно. Ние ги браниме Германија, Франција, ги браниме сите, и плаќаме многу пари за да ги браниме, што се случуваме со декади.
Ова било одобрувано од претходните претседатели, кои не помислиле да направат ништо во врска со ова, бидејќи или не разбрале или едноставно не сакале да се вмешуваат, но јас морам да се грижам, бидејќи сметам дека е не фер за мојата земја, не е фер за праќачите на даноци. Овие земји треба да дејствуват, не за период од 10 години, туку мора веднаш да дејствуваат. Германија е богата земја. Тие говорат дека ќе го зголемат процентот малку во 2030, но можат да го зголемат веднаш, истакна американскиот претседател Доналд Трамп на појадокот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред Самитот во Брисел.