Свет 08. јануари 2020. / 10:33

Трамп смирува: Сè е добро, имаме најмоќна и добро опремена војска

Трамп смирува: Сè е добро, имаме најмоќна и добро опремена војска

По иранскиот ракетен напад врз две воени бази на САД во Ирак во кој, според иранска страна, се убиени најмалку 80 американски војници, се огласи американскиот претседател, Доналд Трамп.

Трамп испрати порака на смирување и самодоверба и ги повика Американците да веруваат во моќта на нивната армија.

– Сè е добро! Ракети се истрелани од Иран врз две воени бази во Ирак. Сега се извршува проценка на жртви и штети. Досега, е добро! Имаме најмоќна и добро опремена војска насекаде во светот – напиша Трамп на Твитер.