Свет 12. ноември 2019. / 09:48

Трамп: Случувањата во Боливија испраќаат сигнал до Венецуела и Никарагва дека демократијата секогаш победува

Трамп: Случувањата во Боливија испраќаат сигнал до Венецуела и Никарагва дека демократијата секогаш победува

Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека оставката на боливискиот лидер Ево Моралес ја чува демократијата и го отвора патот да се слушне гласот на боливискиот народ.

Тој рече дека случувањата во Боливија им испраќаат јасен сигнал на Венецуела и Никарагва дека демократијата и волјата на народот секогаш победуваат.

Ево Моралес, пред два дена поднесе оставка, откако тоа од него го побара војската. На Моралес му беше одобрен азил од Мексико.