Свет 24. март 2019. / 17:51

Трамп: Сите кои ќе им се придружат на исламистите ќе бидат мртви

Трамп: Сите кои ќе им се придружат на исламистите ќе бидат мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп, се огласи и кажа дека САД и понатаму ќе бидат на штрек за мрежата на исламисти и дека будно ќе ја следат состојбата.

Тоа што ја загуби целата територија во Сирија, е доказ дека Исламската држава има лажен наратив, вели Трамп.

Ги обвини за брутални егзекуции, убиства на жени и деца, сексуални злоупотреби и злоставување деца на војници.

Се закани дека сите кои ќе им се придружат ќе бидат мртви.