Свет 27. мај 2020. / 17:50

Трамп се закани дека ќе ги изгасне сите социјални мрежи

Трамп се закани дека ќе ги изгасне сите социјални мрежи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се заканил дека ќе ги изгасне сите социјални мрежи доколку платформите продолжат да ги цензурираат објавите на конзервативците.

Трамп на Твитер се огласил откако таа мрежа го обележала неговиот твит и нагласила дека треба да се проверуваат информациите кои ги објавува.

Имено, ова е прв пат Твитер да ги повика корисниците да ги проверат податоците во твитовите кои ги објавува американскиот претседател.