Свет 08. декември 2019. / 10:15

Трамп се смета за најдобар пријател на Израел што некогаш бил во Белата куќа

Трамп се смета за најдобар пријател на Израел што некогаш бил во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел никогаш немал подобар пријател во Белата куќа од него, затоа што, за разлика од неговите претходници, тој ги остварувал ветувањата.

Зборувајќи на форумот на Израелско-американскиот совет на Флорида, Трамп потсети дека го признал Ерусалим за престолнина на Израел, ја преместил американската амбасада таму и го признал израелскиот суверенитет во Голанската Висорамнина.

Трамп истакна дека неговите претходници ветувале дислоцирање на Амбасадата на САД, но тоа не го оствариле.

– Според моето мислење тие никогаш не планирале да го направат тоа. Но за разлика од други претседатели, јас ги исполнувам ветувањата – нагласи американскиот претседател.