Свет 18. јуни 2018. / 14:12

Трамп се пофалил со својата лимузина пред Ким – неговата реакција била неочекувана (ВИДЕО)

Трамп се пофалил со својата лимузина пред Ким – неговата реакција била неочекувана (ВИДЕО)

За време на преговорите во Сингапур, американскиот претседател Доналд Трамп ја искористил пред можноста Ким Џонг-ун да ја покаже својата лимузина.

Како што се гледа на снимките во еден момент двајцата приоѓаат до автомобилот, а интересно е што Ким одлучил и да ѕирне во внатрешноста.

Светските лидери не се задржале долго, туку продолжиле со својата работа.

Погледнете ја реакцијата на Ким, изгледа видно запрепастен.

Според експертите за говор на телото американскиот претседател во првите 13 секунди, колку што ја држеше раката на Ким, покажа вообичаена доминација бидејќи прв му пријде на Ким и го потчукна по рамото.

Не сакајќи да остане во сенка, Ким цврсто ја прифати неговата рака и во текот на ракувањето го гледаше в очи пред да се сврти кон новинарите.

– Тоа не беше вообичаено ракување. Рацете им одеа горе-долу, секој по малку влечеше на својата страна. Не дозволуваа другиот да биде доминантен – истакна австралискиот експерт за говор на телото Алан Пис.

Оставањето впечаток на авторитет му оди многу добро на американскиот претседател. Како светски лидер, бизнисмен и поранешна телевизиска ѕвезда, тој многу добро е упатен во тоа како ефикасно да го искористи говорот на телото. Неговата висина исто така му дава предност пред Ким.

Додека двајцата одеа кон книжарницата каде што првпат се сретнаа лице в лице, Трамп настојуваше да ја ублажи напнатоста која се чувствуваше, разговараше со Ким и му дозволи да оди малку пред него.

Меѓутоа, Трамп ја задржа контролата потчукнувајќи го по рамото и водејќи го кон книжарницата. Ким е речиси двапати помлад од Трамп и главно гледаше во подот и слушаше додека Трамп зборуваше, но и неколку пати го креваше погледот во текот на разговорот.