Свет 05. февруари 2021. / 21:14

Трамп се отпиша од Американскиот синдикат на актери

Трамп се отпиша од Американскиот синдикат на актери

Поранешниот претседател Доналд Трамп се „раздели“ со Здружението на филмските актери после бомбастичното писмо во четвртокот.

Tој се решил на ваков потег поради тоа што бил соочен со дисциплински мерки од синдикатот, пренесува „Политико“.

Одборот на синдикатите изгласал во јануари упатување на Трамп на дисциплински одбор на Синдиакатот, повикувајќи се на неговата улога во нередите во Капитол на 6. јануари каде загинаа најмалку шест лица.

Ако дисциплинскиот одбор го прогласи за виновен, казните може да вклучуваат укор, новчани казни и протерување.

Но, Трамп ја напуштил Унијата, пред да биде разгледана можноста да добие некоја казна.

Во неговото писмо меѓудругото стои дека „не направиле ништо за мене, освен собирање на членарина и промоција на опасни неамерички политик и идеи.