Свет 09. ноември 2018. / 23:19

Трамп се огласи за идејата да се формира европска војска

Трамп се огласи за идејата да се формира европска војска

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека предлогот за европска војска е многу навредлив.

-Претседателот Макрон всушност предложи Европа да формира сопствена војска за да се заштити од САД, Кина и Русија. Многу навредливо. Можеби Европа би требала прво да го плати својот правичен дел на НАТО, кој во најголема мера го финансира САД. – напиша Трамп на Твитер.

Инаку претседателот на Франција Емануел Макрон пред неколку денови изјави дека Европа нема да може да се брани без вистинска европска војска.