Свет 23. јули 2019. / 22:33

Трамп се надева дека наскоро ќе одлучи кога ќе го објави мировниот план за Израел и Палестина

Трамп се надева дека наскоро ќе одлучи кога ќе го објави мировниот план за Израел и Палестина

Претседателот на САД, Доналд Трамп се надева дека наскоро ќе одлучи кога ќе објави мировен план меѓу Израел и Палестинците, изјави неговиот пратеник за Блискиот Исток, Џејсон Гринблат, во Советот за безбедност на ОН.

Претседателот Трамп се уште не одлучил кога ќе го објавиме политичкиот дел од планот и се надеваме дека наскоро ќе ја донесеме таа одлука – рече тој.

Гринблат додаде дека конфликтот не може да се реши врз основа на меѓународен консензус.