Свет 07. април 2020. / 10:11

Трамп: САД тестираа 1,79 милиони луѓе за Ковид-19

Трамп: САД тестираа 1,79 милиони луѓе за Ковид-19

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека во понеделникот 1,79 милиони Американци биле тестирани за Ковид-19 досега.

-Ако и другите земји направија ваков вид на тестирање, пропорционално, како што ние правиме, тие ќе имаат многу повеќе случаи од нас, истакна претседателот за време на брифингот на Таск Форс за корона вирусот, тврдејќи дека бројот на извршени тестови е причина што САД во светот се водечки по бројот на регистрирани случаи.

Тој истакна дека 125.000 луѓе се тестираат во нацијата секој ден, додавајќи: „Ако го направите тестирањето, имате случаи“.