Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека податоците на здравствените служби покажуваат дека во САД минал врвот на епидемијата на корона вирусот што го отвора патот за неговите планови за повторно отворање на земјата.
Американскиот претседател оцени дека најновите податоци се охрабрувачки и дека САД благодарение на нив е „во многу силна позиција“ да ги имплементира неговите насоки за сојузните држави за повторно отворање на државата.
Се очекува насоките да го расчистат патот за ублажување на мерките за социјално дистанцирање во областите во кои пренесувањето на коорнавирусот е на ниско ниво, но дека тие мерки да бидат заддржани во местата кои се потешко погодени од пандемијата.
Конечната одлука за ублажување на рестрикциите ќе ја донесат гувернерите на сојузните држави.
Бројот на заразени во САД во меѓувреме се зголеми на 641.762, додека 28.442 лица умреа, покажуваат податоците на сајтот Ворлдметерс.