Доналд Трамп рече дека неговата администрација размислува да ја објави видео-снимката од специјалната операција во која во Сирија е убиен лидерот на т.н Исламска држава.
– Размислуваме за тоа. Можеме тоа да го направиме. Можеме да објавиме одредени делови од операцијата, изјави Трамп пред новинарите во базата Ендруз.
Како што се наведува, Трам беше мета на критика на вчерашната прес-конференција додека го опишуваше Багдади, велејќи дека лидерот на ИД умрел како „куче и кукавица“, дека „плачел како кукавица“ и дека „цвилел, вриштел и плачел“.