Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека тестирањето ракети можеби ги кршат резолуциите на Обединети нации, но не и договорот помеѓу него и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Трамп на Твитер напиша дека Пјонгјанг изминатите денови тестираше три ракети со краток дострел и оти тоа не е во спротивност со нивниот потпишан договор во Сингапур, иако не разговараа за ракетите со краток дострел кога се ракуваа.
Ким не сака да ме разочара, наведе Трамп, додавајќи дека се неограничени потенцијалите на Северна Кореја под водство на Ким.
Трамп истакна и дека „постои и многу тоа што Пјонгјанг може да изгуби“.
Можеби грешам, но верувам во тоа, посочи Трамп.