Свет 29. октомври 2020. / 20:45

Трамп: Радикалните исламистички терористички напади веднаш да престанат

Трамп: Радикалните исламистички терористички напади веднаш да престанат

Претседателот на САД, Доналд Трамп преку Твитер ѝ даде поддршка на Франција, каде денеска се случи терористички напад, кога во Ница беа убиени три лица.

Трамп на својот профил на Твитер напиша дека срцата на Американците се со Франција.

„Сочувствуваме со вас. Америка секогаш ќе биде со нашите најстари сојузници во оваа борба. Радикалните исламистички терористички напади мора веднаш да престанат. Ниту една земја во светот, Франција или која било друга, не може да го толерира тоа долго“, напиша Трамп.