Претседателот на САД, Доналд Трамп тврди дека гигантите на социјалните медиуми, како Фејсбук и Твитер, заедно со Гугл, се под контрола на „радикалната левица“, навестувајќи дека Белата куќа може да интервенира за да се спротивстави на, како што ја нарече, „нелегалната состојба. ”
-Радикалната левица целосно ги команда и контролира Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Гугл. Администрацијата работи на санирање на оваа илегална состојба, напиша Трамп во ретвит.
Твитот на Трамп доaѓа откако се обзнани дека федералните и државните регулатори во САД се подготвуваат да поднесат тужба против монопол, наведувајќи дека Гугл ја злоупотребил својата доминација на пребарување преку Интернет и рекламирање за да ја задуши конкуренцијата и да го зајакне нејзиниот профит.
Главниот командант на САД даде слични изјави уште во март 2019 година, и а во септември истата година тој ги обвини компаниите на социјалните мрежи дека го потиснуваат слободниот говор.