Свет 16. јули 2018. / 13:11

Трамп: Путин и Москва да ми ја даде, на овие овде ќе им биде малку

Трамп: Путин и Москва да ми ја даде, на овие овде ќе им биде малку

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјавил дека со нетрпение го чека состанокот со претседателот на Русија, Владимир Путин, иако е свесен дека каков и да биде резултатот тоа нема да ги задоволи неговите противници.

-Тргам за Хелсинки, Финска, и со нетрпение го очекувам состанокот со претседателот на Русија. За жал, што и да направам на Самитот, дури и да ми го дадат големиот град Москва како замена за сите гревови и злото кое Русија го направи години наназад, на враќање ќе бидам дочекан со критика дека тоа е недеволно и дека требало да го добијам уште Санкт Петербург – напишал Трамп на Твитер.

 

Претседателот на САД додаде дека значаен дел од американските медиуми се непријателите на народот.