Свет 07. ноември 2020. / 18:07

Трамп прогласи убедлива победа на изборите

Трамп прогласи убедлива победа на изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер прогласи „убедлива победа на претседателските избори“.

Трамп е многу активен на социјалните мрежи по завршувањето на изборите и често објавува коментари во кои се жали на гласањето, а сега прогласи победа. Од друга страна пак, Твитер става предупредување на неговите твитови со дообјасување дека се „спорни“ и треба да се проверат фактите. Такво предупредување Твитер има ставено на 37% од објавите, а за тоа Трамп се пожали на Фејсбук што според него ја ограничува слободата на говор.