Свет 18. април 2020. / 11:46

Трамп: Преземените мерки ја симнаа очекуваната смртност од Ковид-19 на 60- 65.000 жртви

Трамп: Преземените мерки ја симнаа очекуваната смртност од Ковид-19 на 60- 65.000 жртви

Американскиот претседател Доналд Трамп на редовниот брифинг, соопшти дека проценките на надлежните институции се дека бројот на починати во епидемијата на корона вирусот во САД ќе биде меѓу  60 и 65 илјади луѓе.

Шефот на државата претходните проценки биле дека е можно дури 2,2 милиони луѓе да ги загубат животите.

Ако не сторевме ништо, минималниот ќе беше 1,6 милиони. Но, ние направивме огромна работа – изјави Трамп.

Американскиот претседател истакна дека преземените напори овозможиле да се корегираат проценките за смртност, првично на 100.000 или 220.000, а потоа и на уште пониско ниво.

Мислам дека ќе бидеме на ниво далеку под 100.000 мртви. Мислам дека веројатно сега се движиме до ниво од 60.000, можеби 65.000 починати – истакна Трамп.

Досега, во САД од Ковид-19 се починати 36.727 луше, а заразени се над 692 илјади.