Американскиот претседател, Доналд Трамп побара од претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, да му пренесе порака на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.
–Пораката е дека претседателот Трамп има многу позитивен став кон претседателот Ким и дека е задоволен од сработеното, изјави Мун за новинарите за време на неговото враќање дома од Аргентина.
Мун во Аргентина присуствуваше на самитот Г-20 и според неговата изјава која ја дал за време на неговото враќање дома тој посочил дека имал средба со американскиот претседател и дека токму на средбта му била соопштена пораката која требало да му ја пренесе на лидерот на Северна Кореја.