Светот чека разврска од изборите во Америка. Дојде денот кога се слуша гласот на Американците. Америка е на нозе, во прашање едни од најзначајните и најтезничните избори.
Денеска и двајцата кандидати дадоа меѓусебно си дадоа „комплименти“. Кандидатите не ги штедаа зборовите за да кажат нешто за својот противник. Трамп предвиде економска депресија доколку победи Бајден. Во текот на денешниот ден тој кажа дека доколку Демократите имаат контрола на Белата Куќа и Сенатот, САД нема никогаш да биде истата држава.
Во меѓувреме, Бајден го обвини Трамп како закана за нацијата. Тој исто така го обвини Трамп за многуте смртни случаи со Ковид-19 и за сите отпуштања од работа. Според него со Трамп нацијата не оди напред.
Вреди да се истакне дека Трамп ги чека резултатите во Белата Куќа со 250 гости, а Џо Бајден од дома во родната Пенсилванија.