Свет 19. јануари 2019. / 21:08

Трамп повторно ќе се сретне со Џонг Ун

Трамп повторно ќе се сретне со Џонг Ун

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека е одредено каде ќе се сретне со севернокорејскиот лидер, кон крајот на февруари, но не откри за која земја станува збор, при што истакнал дека е постигнат голем напредок во врска со денуклеаризацијата.

-Избравме земја, нејзиното име наскоро ќе го дознаете. – рекол Трамп.

Американската администрација вчера објави дека Трамп и Ким по втор пат ќе се сретнат на крајот од февруари. Информацијата беше објавена по средбата на американскиот претседател со најблискиот соработник на севернокорејскиот лидер, генералот Ким Џонг Чол.

Виетнам потврди дека се понудил да биде домаќин на вториот самит на двајцата лидери. Првиот самит се одржа на 12 јуни минатата година во Сингапур. Тајланд и Монголија исто така се спомнуваа како можни домаќини.