Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша Уредба за привремена суспензија на имиграцијата, која треба да важи 60 дена.
За продолжување или промена на оваа мерка ќе одлучат Претседателот и неговите соработници, во зависност од економската состојба, пренесува Гласот на Америка.
Целта е невработените Американци да бидат први во линија за вработување кога ќе се отвори економијата.
На прашањето дали ова се однесува на имигрантите со зелена карта, или за имигрантите во Америка, Трамп рече дека политиката може да се промени, особено затоа што луѓето кои им помагаат на земјоделците доаѓаат во Америка.
„Може да се промени следната недела, за две недели, ќе се промениме по потреба, можеме да воведеме построги мерки, или полесно“, вели Трамп.