Свет 25. ноември 2018. / 12:30

Трамп: Постигнат договор за азилантите со Мексико

Трамп: Постигнат договор за азилантите со Мексико

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека мигрантите кои бараат азил во Америка ќе останат во Мексико се додека им се разгледува барањето.

Со ова е потврдена претходната информација на властите во Мексико дека двете земји постигнале договор за мигрантите.

„На мигрантите на југот на границата со САД нема да им биде дозволен влез во земјата се додека чекаат на азил, барањето поединечно ќе им го разгледува надлежен орган, напиша Трамп на Твитер.

Новата министерка во владата на Мексико, Олга Кордеро синоќа изјавила за Вашингтон пост дека со САД е постигнат договор за мигрантите наречен „Останување во Мексико“.

Договорот е постигнат пред пристигнувањето на неколку илјади мигранти од Хондурас во САД.

Трамп поради овој бран на мигранти на границата со Мексико распореди неколку илјади американски војници.