Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да му помогне на Иран во борбата против корона вирусот доколку Техеран го побара тоа.
Ако на Иран му е потребна помош околу ова, јас сум подготвен да ја испратам – изјави Трамп.
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф вчера ја отфрли понудата на Трамп за помош во респиратори од Вашингтон за Техеран.
Зариф истакна дека Иран веќе има доволен број респиратори и дека за неколку месеци ќе може и да ги извезува.