Свет 13. јуни 2020. / 00:00

Трамп подготвен да прифати евентуален пораз на изборите

Трамп подготвен да прифати евентуален пораз на изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека при евентуален неуспех на изборите ќе го признае поразот.

Се разбира, доколку не победам, значи не сум победил. Е, тогаш ќе продолжам понатаму и ќе се зафатам со други работи – изјави претседателот во интервју за телевизијата „Фокс Њуз“.

Трамп беше замолен да даде коментар на изјавата на поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој е и негов ривал во претседателската трка, дека при пораз на актуелниот шеф на државата војската ќе треба да го изнесе од Белата куќа без да дочека процесот на пренесување на власта на новата администрација.

Но, Џо уште не е таму (во Белата куќа), сите тоа го знаат – реагираше Трамп.

Тој го прекори Бајден дека е страшливец и дека „се крие во подрумот, каде и да е, и не си заминува оттаму“.

Според Трамп, за земјата ќе биде многу тажно доколку поранешниот потпретседател биде избран за шеф на државата.