Последните информации од САД тврдат дека Доналд Трамп е победник во Кентаки, Џо Бајден во Вермонт.
Државата Кентаки на Трамп му носи 8 поени, додека Вермонт како помала држава носи само 3 поени.
Битката во Флорида е се уште неизвесна. На речиси 50 проценти од пребројаните гласови, Бајден е неколку илјади гласови во предност пред Трамп, но тоа е резултат кој може да се промени во секоја секунда. Резултатот е сличен и во државата Џорџија, каде резултатите ќе не држат во неизвесност до последните пребројани гласови.