Свет 17. август 2019. / 10:19

Трамп планира на Тајван да им продаде борбени авиони Ф-16 во вредност од 8 милијарди долари

Трамп планира на Тајван да им продаде борбени авиони Ф-16 во вредност од 8 милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во вредност од осум милијарди долари, соопштија неименувани американски официјални претставници.

Таквиот потег дополнително ќе ги зголеми тензиите со Кина.

Зделката со авионите Ф-16 е спорна бидејќи Кина е жестоко против каква било продажба на оружје на Тајван, а посебно против продажба на најмодерни авиони-ловци.