Свет 12. мај 2020. / 13:58

Трамп: Пелоси ќе ја претвори САД во комунистичка земја

Трамп: Пелоси ќе ја претвори САД во комунистичка земја

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска одговори на твитот, во кој се вели дека спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, ќе ја преземе функцијата претседател, доколку тој и потпретседателот Мајк Пенс не се способни да се справат со корона вирусот, велејќи дека топ-демократот во Конгресот ќе ги претвори САД во „комунистичка земја“.

-Тогаш мора да бидеме многу внимателни. Лудата Ненси би била тотална катастрофа, а САД никогаш нема да бидат комунистичка земја!, напиша Трамп.

Коментарите на американскиот претседател доаѓаат откако Ковид-19 влезе во Белата куќа со повеќемина вработени заразени и други во самоизолација. Трамп и Пенс се тестираат секој ден за Ковид-19.

Доколку Трамп не може повеќе да ја извршува функцијата претседател, на неговото место треба да биде Мајк Пенс. Сепак, линијата на сукцесија на претседателството ја става на одговорност Пелоси во случај Пенс да не може да ја преземе функцијата претседател. На четвртото место за преземање е вршителот на должност претседател од Сенатот, Чак Гресли, кој потоа го следи државниот секретар Мајк Помпео.