Свет 19. март 2020. / 23:08

Трамп: Пандемијата ќе не направи посилни

Трамп: Пандемијата ќе не направи посилни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе станат посилни по завршување на пандемијата на корона вирусот.

Тој истакна дека е потребно да се отстранат непотребните бирократски бариери и процедури за забрзување на процесот за пронаоѓање вакцина против корона вирусот.

Трамп потсети дека во САД во тек е експеримент на тој план.

Бројот на заразени од коронавирусот во САД достигна 10.000 лица.