Свет 27. декември 2018. / 11:51

Трамп од јануари ќе забрани користење на уредите Хуавеј

Трамп од јануари ќе забрани користење на уредите Хуавеј

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста на почетокот на јануари да донесе наредба која поради безбедносни причини со која ќе ги спречи американските компании да користат телекомуникациски опреми од кинеските компании Huawei и ZTE.

Тоа би бил новиот потег на Трамповата влада да ги отстрани Huawei и ZTE, двете најголемите кинески компании за мрежна опрема од американскиот пазар. Американската власт смета дека тие две компании работат по барањето на кинеските власти и дека нивната опрема можеби се користи за шпионирање.

Извршната наредба, која се разгледува повеќе од осум месеци би можела да биде спроведена во јануари со која Министерството за трговија ќе им забрани на американските компании да купуваат од странските произведувачи телекомуникациска опрема која претставува значајна закана за националната безбедност.

Проблем кој треба што побрзо да се реши

Тој проблем, велат изворите треба што побрзо да се реши, бидејќи американските бежични оператори се во потрага за партнери во процесот на воведување на нова генерација на 5G бежичната мрежа.

Уште во август беше донесен закон за одбранбена политика со која на американската влада ѝ беше забрането да користи опрема од Huawei и ZTE, а сега тоа би им се забранило и на приватните американски компании.