Свет 04. мај 2020. / 10:00

Трамп очекува вакцина против Ковид-19 до крајот на годината

Трамп очекува вакцина против Ковид-19 до крајот на годината

Американскиот претседател Доналд Трамп  изјави дека вакцината против коронавирусoт ќе биде откриена до крајот на оваа година.

– Сметаме дека ќе ја имаме вакцината до крајот на оваа година. Лекарите ќе речат: Не смеете да го кажете тоа. Но, јас го кажувам она што мислам…Ние притискаме напорно и голем број на фармацевтски групи се, мислам, многу блиску, рече Трамп во изјавата за „Фокс њуз“.

На прашањето каква би била неговата реакција доколку друга земја ја открие вакцината пред САД, Трамп рече дека нема да се грижи, важно е вакцината да фунционира.

Според Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, околу стотина проекти во тек се низ целиот свет за да се најде вакцина против коронавирусот, а се спроведуваат и десетина клинички испитувања.

Изразувајќи ја својата волја да и дозволи на земјата да ги продолжи своите активности на внимателен начин, но „што е можно побргу“, американскиот претседател беше оптимист за економските изгледи.

– 2021 година ќе биде неверојатна, нагласи Трамп, бранејќи ги своите постапки уште еднаш од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Во САД, речиси 1.200.000 луѓе беа заразени од коронавирусот и над 68.000 смртни случаи.

– Мислам дека спасивме милиони животи, истакна тој.