Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува неговиот руски колега Владимир Путин да побара укинување на санкциите на САД за време на претстојниот телефонски разговор.
– Да, тој веројатно ќе го побара тоа – најави Трамп за „Фокс њуз“.
Трамп не кажа каков ќе биде неговиот одговор.
– Тие не го сакаат тоа. Искрено треба да можеме да се сложиме – изјави американскиот претседател.