Свет 14. јуни 2018. / 11:45

Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Американскиот претседател Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир за следната година, открија двајца норвешки пратеници, наведувајќи го како причина историскиот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

„Тоа што се случува е историски“ рекол Пер-Вили Амундсен за норвешката телевизија НРК.

„Започнат е процес кој може да придонесе за обезбедување на мир во светот на некое време“ додал пратеникот на Прогресивната партија, кој го номинирал Трамп со својот колега Кристијан Тајбринг Гјед.

Норвешкиот одбор за доделување на Нобелова награда претходно оваа година објави дека за наградата за 2018 година добил 329 номинации, што е втор најголем број во историјата.

Одборот ги советува оние кои ги предложуваат кандидатите да не ги откриваат нивните предлози, но нема официјални правила против тоа.

Право на номинација имаат политичари, академици, поранешни победници, директори на институти за мировни истражувања и моментални и идни членови на Одборот.

Минатагодишната награда ја доби Светското здружение за укинување на нуклеарното оружје – ICAN.