Свет 22. мај 2020. / 11:30

Трамп нема да воведе карантин во случај на втор бран на Ковид-19 во САД

Трамп нема да воведе карантин во случај на втор бран на Ковид-19 во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во случај на втор бран на пандемијата нема да се обиде да да воведе карантин и да ја затвори земјата.

„Имаме намера да го изгаснеме пожарот, нема да ја затвориме земјата“, рече Трамп, осврнувајќи се на можниот втор бран пандемии за време на посетата на фабриката „Форд“ во Мичиген.

Изјавата доаѓа во исто време со олеснување на рестриктивните мерки преземени од 50 американски држави, вклучително и оние со републиканско раководство, кои вршат притисок земјата да се отвори во најкраток можен рок, додека оние со демократско раководство бараат поголема претпазливост во намалувањето на ограничувањата.

Официјалните лица за јавно здравје предупредуваат дека мерките ќе бидат олеснети премногу брзо, велејќи дека тоа може да доведе до втор бран на вирусот во есен и во зима.

И покрај отпорот на Трамп, федералните и локалните власти прибегнаа кон воведување на карантин поради пандемијата што ја зафати земјата.