Свет 04. април 2020. / 19:15

Трамп: Нема да носам маска, не може со маска да се поздравувам со кралици, премиери и диктатори

Трамп: Нема да носам маска, не може со маска да се поздравувам со кралици, премиери и диктатори

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да носи заштитна маска и покрај официјалната препорака до Американците дека треба тоа да го направат.

Како што пренесува Би Би Си, Трамп истакнал дека не може да се замисли себеси како поздравува претседатели, премиери, диктатори, кралеви и кралици во Овалниот кабинет додека носи маска.

Американскиот претседател нагласил дека придржувањето кон препораката за носење заштитна маска е на доброволно ниво.

Не морате тоа да го правите. Мислам дека и јас нема тоа да го направам – изјави Трамп.

Препораките кои ги издадоа центрите за контрола и превенција на болести, кои се владини советодавни агенции за јавно здравство, доаѓаат откако во САД се потврдени 278.458 заразени луѓе со Ковид-19, а има и преку 7.100 починати.