Свет 11. јуни 2020. / 10:57

Трамп: Нема да ги сменам имињата на воените бази именувани по генерали на Конфедерацијата

Трамп: Нема да ги сменам имињата на воените бази именувани по генерали на Конфедерацијата

Американскиот претседател Доналд Трамп се спротивстави на идејата за преименување на воените бази, коишто носат имиња на генерали на Конфедерацијата.

Некои предложија да се преименуваат десет легендарни воени бази. Тие се дел од историското наследство и воопшто не разгледувам таква можност – напиша Трамп на Твитер.

Тој побара почитување на армијата.

Десет бази на копнените сили, сите лоцирани во јужниот дел на САД, се именувани по поранешни генерали на силите на Конфедерацијата.

Апелите за менување на имињата на базите уследија по бранот протести во САД против расизмот и полициското насилство.