Свет 06. мај 2020. / 16:24

Трамп негира распуштање на работната група за борба со корона вирусот

Трамп негира распуштање на работната група за борба со корона вирусот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека работната група за корона вирус ќе продолжи да работи „на неодредено време“, со што ги негираше тврдењата и извештаите дека тој има планови за нејзино распуштање.

Трамп во твит рече дека работната група направила „фантастична работа“ во борбата против Ковид-19 и затоа нема да биде распуштена. Сепак, тој истакна дека некои членови можат да ја напуштат работната група, а други може да се приклучат.

-Поради овој успех, „Task Force“ ќе продолжи на неодредено време со фокус на „безбедноста и повторно отоврање на нашата земја“. Можеби ќе додадеме или одземаме луѓе соодветно. „Task Force“ ќе биде многу фокусирана на вакцини и терапевтици, истакна Трамп.