Свет 07. јануари 2021. / 10:26

Трамп: Не се согласувам целосно со резултатот од изборите, но на 20 февруари ќе има уредна транзиција

Трамп: Не се согласувам целосно со резултатот од изборите, но на 20 февруари ќе има уредна транзиција

Откако Конгресот ја потврди победата на Џо Бајден помошникот на Трамп за социјалните мрежи, Дан Скавино, објави на Твитер „Изјава на претседателот Доналд Трамп за изборната потврда“:

„И покрај тоа што не се согласувам целосно со резултатот од изборите, а фактите ме поддржуваат, сепак, на 20-ти јануари ќе има уредна транзиција. Отсекогаш сум велел дека ќе ја продолжиме нашата борба за да обезбедиме пребројување на само законските гласови. Иако ова претставува крај на најголемиот прв мандат во претседателската историја, тоа е само почеток на нашата борба да ја направиме Америка повторно голема!“, се наведува во објавата.