Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани не е насочено кон провокација на конфликт со Иран, туку за ставање крај на војната.
„Ние презедовме акција да ја запреме војната, не го сторивме тоа за да ја започнеме војната“, рече Трамп во Флорида во првото обраќање пред новинарите по убиството на Сулејмани.
Тој додаде дека не бара промена на режимот во Иран, но дека земјата мора веднаш да престане со употреба на борци од други земји за да ги дестабилизира соседите.
Тој истакна дека се утврдени целите на можната одмазда на Иран и дека тој е подготвен да преземе какви било неопходни активности.
Претседателот на САД претходно изјави дека Сулејмани во текот на долг временски период убил илјадници Американци и дека планирал да убие многу други и оцени дека Сулејмани требало да биде убиен многу порано.
Сулејмани, командант на елитните ирачки единици, беше убиен во напад на американски беспилотни летала утрово.