Свет 19. јуни 2018. / 10:54

Трамп не сака мигрантска криза како во Европа

Трамп не сака мигрантска криза како во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли критиките за неговата имигрантска политика на „нулта толеранција“ поради која на границата со Мексико има раздвоени деца од нивните родители.

Американскиот претседател Доналд Трамп, чија администрација се соочува со силен притисок од демократите, но и од редовите на неговата Републиканска партија, да престане да ги одвојува децата од нивните родители на границата со Мексико, ги отфрли критиките за неговата имигрантска политика на „нулта толеранција“.

„Соединетите држави нема да бидат камп за мигранти и нема да бидат објект за сместување на бегалци. Нема да бидат. Гледате што се случува во Европа, гледате што се случува на други места, не можеме да дозволиме тоа да се случи во САД“.

Трамп за сегашната ситуација на границата ги обвини демократите, додавајќи дека криминалот е причината за воведување на ваквите поостри закони за влегување во Соединетите држави.