Свет 08. ноември 2019. / 22:45

Трамп не е загрижен од истрагата за импичмент

Трамп не е загрижен од истрагата за импичмент

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен од истрагата за импичмент, како и од тоа што претстојат јавни сослушувања на сведоци во Конгресот, пренесоа светските агенции.

Претседателот пред новинарите во  Белата куќа ги отфрли досега протечените сознанија од официјални лица, искажани на затворени седници и ги искритикува демократите од Претставничкиот дом за тоа дека од следната недела овие сослушувања ќе станат и јавни.
– Не треба да се организираат јавни сослушувања, тоа се бројки – изјави Трамп.

Американскиот претседател ги обвини демократите дека бараат луѓе кои ќе  покажат кон него и изјави дека дури и ни ги познава повеќето од сослушаните сведоци.

– Од ништо не сум загрижен. Нема никаков проблем со сведочењата. За поголем дел од луѓето кои сведочеа дури не сум ни слушнал – изјави Трамп пред репортерите во Белата куќа.

Истражителите од Претставничкиот дом се уште сакаат да ги слушнат сведочењата и на некои сведоци зад затворени врати, вклучувајќи го и шефот на канцеларијата на Трамп, Мик Малвејни, кој вчера беше повикан, но денеска не се појави на сослушување.

Белата куќа соопшти дека нема да соработува во истрагата.