Свет 18. април 2020. / 17:45

Трамп: Не е можно САД да имаат најмногу жртви од корона вирусот по се што се случуваше во Кина

Трамп: Не е можно САД да имаат најмногу жртви од корона вирусот по се што се случуваше во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „се случуваат многу чудни работи“ во врска со потеклото на корона вирусот и истакна дека е уверен дека Кина има поголем број жртви отколку што тоа го покажуваат официјалните податоци.

Трамп порача дека неговата влада се обидува да утврди дали вирусот потекнал од лабораторија во Кина.

Многу чудни нешта се случуваат, но во тек се и многу истраги и ние ќе дознаеме – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, откако „Фокс њуз’ изнасе тврдење дека вирусот потекнал од лабораторија во Вухан.

Американскиот претседател ја доведе под сомнеж и официјалната бројка на починати од вирусот во Кина, што официјален Пекинг вчера ја смени.

Пекинг соопшти дека 1.300 лица, кои умреле од последиците на корона вирусот во Вухан, не биле пресметани во официјалните податоци, но притоа ги отфрли обвинувањата дека станува збор за манипулација со бројот на жтвите.

Од друга страна, Трамп е уверен дека во Кина починале повеќе луѓе отколку во САД, земјата која во моментов е жариште на пандемијата со повеќе од 700.000 заразени и повеќе од 37.000 починати.

Ние немаме најголем број жртви во светот. Најмногу во светот мора да има во Кина. Тоа е огромна земја. Мина низ огромен проблем и со овој огромен проблем сигурно има и најмногу жртви – смета Трамп.