Свет 23. јануари 2020. / 22:09

Трамп најави учество на марш против абортусот

Трамп најави учество на марш против абортусот

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека лично ќе учествува на традиционалниот конзервативен настан „Марш за живот“, годишен собир на активисти против абортусот во САД, што се одржува во Вашингтон.

Трамп ќе биде првиот американски претседател кој лично ќе учествува на маршот. Некои од републиканските претседатели досега се обраќале на митингот преку телефон или испраќале видео пораки.

Трамп се одлучи да се појави на маршот на 47-годишнината од овој протестен настан против усвојување на законот за право на абортус во САД, поради сè посилната поддршка што тој ја има од групите кои се борат против прекинување на бременоста.

Така, пред неколку дена групата на Сузан Лист, една од најголемите што се борат против абортусот, соопшти дека собрала 52 милиони долари што ќе бидат потрошени за реизбор на Трамп и задржување на мнозинството на републиканците во Сенатот.

Протестниот „Марш за живот“, почна во 1974 година, кога Врховниот суд на САД го озакони предвременото прекинување на бременоста.