Свет 11. мај 2020. / 00:02

Трамп најави откуп на производи од домашни земјоделци за снабдување на народните кујни

Трамп најави откуп на производи од домашни земјоделци за снабдување на народните кујни

Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека од следната недела државата ќе почне да купува млеко, месо и други производи од домашните земјоделци во вредност од три милијарди долари,затоа што расте невработеноста и многумина се принудени да одат во народните кујни.

На почетокот на следната недела, САД, по мој налог, од нашите земјиделци и фармери ќе купуваат млеко, месо и други производи во вредност од три милијарди долари за потребите на народните кујни – објави Трамп на Твитер.