Свет 21. ноември 2020. / 21:01

Трамп: Набрзо ќе објавиме информации и докази за изборниот фалсификат

Трамп: Набрзо ќе објавиме информации и докази за изборниот фалсификат

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, на својот Твитер профил најави важна информација за манипулација на изборните резултати во Џорџија.

Резултатот од изборите во Џорџија беше 2,474,507 гласови за Џо Бајден, додека Доналд Трамп освои 0,2% помалку од гласовите или 2,461,837.

Според државните закони, Кампањата на Трамп побара рачно пребројување на гласовите. Штом тоа им беше одобрено, тие обвинија дека пребројувањето е чисто симболично и побараа тоа да биде целосна проверка на постапката на гласање, да се проверува совпаѓање на потписите на гласачите, дали истите ги исполнувале условите за гласање и дали покажале соодветна идентификација.

По завршувањето на рачното пребројување на гласови, Џорџија вчера и официјално прогласи победа на Џо Бајден.

Но, Доналд Трамп и неговиот тим од искусни правници и адвокатски експерти е се уште убеден дека пред судовите ќе успеат да докажат дека на овие избори Демократите извршиле широко распространета изборна измама и дека на тој начин Доналд Трамп ќе стигне до победа и уште 4-годишен мандат во Белата куќа.

Трамп пред неколку часа, на својот Твитер профил напиша:

– Стигнува важна информација за изборните манипулации во Џорџија. Бидете во тек!