Свет 14. април 2018. / 14:57

Трамп на Твитер: Совршено изведен напад синоќа

Трамп на Твитер: Совршено изведен напад синоќа

Во твитот по воздушните напади во раните утрински часови во саботата, Трамп им се заблагодари на коалициските партнери Франција и Велика Британија, додавајќи дека нападите „не можеа да имаат подобар резултат“.

„Совршено спроведен напад синоќа. Благодарност до Франција и Обединетото Кралство за нивната мудрост и силата на нивните фини војски. Не можеше да има подобар резултат. Мисијата е остварена!“, напиша Трамп на Твитер.